Завршници за внатрешна монтажа за екранизирани кабли изолирани со хартија со еден метален плашт по фаза 10 kV, 20 kV и 35 kV

Кабли

Завршниците за внатрешна монтажа се направени за 20 и 35 kV екранизирани 3 и 1 жилни кабли со хартиена изолација (MIND) и еден метален плашт по фаза.

На пример: ЦАОСБУ, HAKnFtA, HAKNY, HknFty, AMKTQYPVsp., AMKTOYPVsp., AOSB, NPZO 13, NPZOP 13, NPZO 23.

Конструкција на завршницата

Жолтата трака, отпорна на масло, за пополнување на празнините се поставува околу крајот на металниот плашт така жилите изолирани со хартија комплетно се покриени со цевка за бариера на маслото. Заптивачкиот елемент, отпорен на масло, овозможува затегнување на заптивачот со притисок кон кабелската стопа. Кратка проводна цевка го премостува екранот од металниот плашт до покриената жила, изолирана со хартија.

Жолтата маса за контрола на напрегањето се поставува на крајот од проводната цевка и цевка за контрола на ел. напрегање се собира врз проводната цевка и покриената хартија за изолација. Краевите на жилите и цевката за контрола на напрегањето се изолирани со нетрасирачки изолациони цевки. Додатни шеширчиња се поставуваат на цевката (види табела).

Заземјување без лемење може да се нарача посебно.

02_tab_05-01.gif

Забелешка: Еден комплет на завршницата вклучува материјал за 3 фази. Треба да се користат должински непропусни кабелски стопи. Завршници што вклучуваат механички стопи (-L12) се достапни по порачка.

02_tab_05-02.gif

* 3 комплета за заземјување треба да се нарачаат за една комплет завршница.

Забелешка:Комплетот за заземјување без лемење треба да се нарача посебно. EAKT вклучуваат прстени, стопи за заземјување и заштитни цевки и топлособирачка разделна капа за трожилни кабли. SMOE комплетот вклучува Ligarex приклучни систем (види исто алат на страна 107).

Објаснување за MI и MIND:

MI = M масно I импрегнирана = кабел импрегниран со испусен дел

MIND = M масно I импрегнирана N неистекувачки компауд = кабел импрегниран со непропусен дел