Завршници за појасни кабли изолирани со хартија за надворешна монтажа со заеднички метален плашт 6 kV и 10 kV

Кабел

Завршницата за надворешна монтажа е конструирана за 6 и 10 kV трожилен појасен кабел изолиран со хартија (MI, MIND).

На пример: SB, ASB, SAAB, ASBY, AABY, ААБУ, АСБУ, Kny, KnFtly, AknFtA, AknFty, ANKOP, ANKOPV, CNKOOY, CNKODY, ANKOY,IPO 13, IPO 14, NPO 13, NPO 14, N(A)KBA, N(A)KLEY


Конструкција
на завршницата

Жилите изолирани со хартија се покриени со цевка за маслена бариера. Делот на расчленувањето на жилите е пополнет со жолта маса отпорна на масло и е заптиен со лепило поставено на разделната капа која се инсталира врз жилите и крајот на металниот плашт. Жолтата маса за контрола на напрегање е поставена околу краевите на капата, а стопите и жилите се покриени со црвена нетрасирачка цевка. Крајот на завршницата е заптиен на кабелскиата стопа или на цврстиот проводник со заптивен систем. Комплетот вклучува заземјување без лемење.

Комплетите со модификациски код –L12 вклучуваат механички стопи со приклучни чаури за шина за M12 приклучни штрафови, со код L16 за M16 штрафови. (забелешка: М16 не се испорачуваат со комплетите за пресеци 25-50 mm²).

* За завршници со механички стопи за M16 штрафови користи код L16 (не се испорачуваат со комплетите за пресеци 25-50 mm²)

Забелешка: Еден комплет за завршници вклучува материјал за 3 фази. Лонгитудинално непропусни стопи треба да се користат. Краевите на жилите може да се редуцираат по потреба за време на инсталација, минимална должина на жилата е 450 mm заUo/U= 3,5/6 kV и 800 mm за Uo/U= 6/10 kV.

02_tab_03-01.gif

Објаснување за MI иMIND:

MI = M масно Iимпрегнирана = кабел импрегниран со испусен дел

MIND = M масно Iимпрегнирана Nнеистекувачки компауд = кабел импрегниран со непропусен дел
(L min = 450 mm за Uo/U= 3,5/6 kV)

За димензија L види табела (L min = 800 mm за Uo/U= 6/10 kV)