Завршници за надворешна монтажа за екранизиран кабел изолиран со хартија со 1 метален плашт по фаза 10 kV, 20 kV и 35 kV

Кабли

Завршниците за надворешна монтажа се направени за 10, 20 и 35 kV екранизирани 3 и 1-жилни кабли изолирани со хартија (MIND) со еден метален плашт по фаза.

На пример: ЦАОСБУ, HAKnFtA, HAKNY, HknFty, AMKTQYPVsp., AMKTOYPVsp., AOSB, NPZO 13, NPZOP 13, NPZO 23.

Конструкција на завршницата

Жолтата трака за пополнување на нерамнини, отпорна на масло, се поставува околу завршетокот на металниот плашт додека жилите изолирани со хартија комплетно се прекриваат со цевка за маслена бариера. Заптивачкиот елемент кој е отпорен на малсо, овозможува цврсто заптивање до кабелската стопа. Кратката проводна цевка го обновува екранот од металниот плашт до прекриената хартиена жила.

Жолтата маса – контрола на напрегањето се поставува околу крајот на проводната цевка така да цевката за контрола на напрегањето се собира врз провдната цевка и покриената хартиена изолација на кабелот. Крајот на жилите и цевките за контролана напрегањето се изолирани со не-трасирачка изолациона цевка. Додатните шешири се инсталираат врз цевката (види табела).

Приборот за безлемено заземјување може да се нарача посебно.

02_tab_06-01.gif
Забелешка: Еден комплет на завршницата вклучува материјал за трите фази. Треба да се користат должински заптиени кабелски стопи. Завршници што вклучуваат механички стопи (-L12) се доставуваат по порачка.

02_tab_06-02.gif

* 3 комплета за заземјување без лемење треба да се нарачаат по комплет завршници.

Забелешка: Комплетот на системот за безлемно заземјување треба да се нарачаат посебно. EAKT комплетот вклучува прстени, стопи за заземјување и заштитни цевки за разделната капа. Комплетот SMOE вклучува Ligarex приклучни систем (видете ги исто така алатите на страна 107).