Спојници за 3-жилни неекранизирани кабли изолирани со полимери 6 kV и 10 kV

Кабел

Спојниците се изработуваат за спојување на 3-жилни неекранизирани кабли изолирани со полимери за 6 kV, 10 kV со арматура од бакарни жици или траки.

На пример: PP 41(A), PP 44(A), PP 45(A), NAYFGY, AВВБ, AВВГ, AПВГ, YKYFtly, YKYFoy, YAKY, YKYFtly, YKYFoy, YAKY,YKY…, AYKCYDY, AYKCY, N(A)YBY, N(A)YGY

 

Изработка на спојницата

Спојните чаури се заптиваат и изолираат со дебелоѕидна топлособирачка цевка и жолта маса. Арматурата или заштитата од бакарни траки на кабелот се обновува со помош на метално куќиште или со бакарна мрежа. Безлемното спојување на заземјувањето обезбедува електричен спој со арматурата на кабелот. Надворешното заптивање и заштита се постигнува со топлособирачка цевка премачкана со термостатично лепило .

Спојниците од типот POLJ се испорачуваат со механички спојни чаури, а спојниците од типот EPKJ и SMOЕ се испорачуваат без спојни чаури.

 

Изработка на преодна спојница на 1-жилен екранизиран кабел изолиран со полимери

Жилите на екранизираниот кабел се прекриваат со жолтата маса и со топлособирачки цевки за контрола на ел. поле. Проводниците се спојуваат со механички спојни чаури кои се испорачуваат со спојницата. Местото на спојот се прекрива со прекривка за контрола на ел. Поле. Преку него се поставува троструко екструдирана топлособирачка цевка со која се постигнува исправна дебелина на изолацијата и екранизација преку изолацијата. Арматурата на кабелот се обновува сопомош на бакарна мрежа, а со безлемното спојување на заземјувањето се обезбедува електричен спој. Надворешнотозаптивање и заштита се постигнува со топлособирачка дебелоѕидна цевка премачкана со термостатско лепило.

05_tab_07-01.gif