Спојници и репаратурни спојници за екранизирани 3-жилни кабли изолирани со полимери

Кабел

Спојниците се применуваат за 10 kV,

15 kV и 20 kV екранизирани трожилни кабли изолирани со полимери, со или без екран.

На пример: SzAQkrKVM, XHP 81, CEYSEAbY, ACYSEAbY, CYSEY, ACYSEY, ВВГ, АВБвШв, АВВГ, YHAKXS, XUHAKXS…,AXEKVCY, CXEKVCY, AXEKVCEY, CXEKVCY, N(A)2XSY, EpHP 81, PHP 48, PHP 84, XHP 48, N(A)YSEY

 

Изработка на спојници со механички спојни чаури

За кабли со екран од жици или траки

На крајот на екранот се нанесува жолтата маса за пополнување а краевите на кабелот се прекриваат со топлосибирачки цевки за контрола на ел.поле. Проводниците се спојуваат со механички спојни чаури кои се испорачуваат со спојницата. Споевите се прекриваат со прекривка за контрола на ел.поле. Преку спојот се поставува троструко екструдирана цевка со која се постигнува исправна дебелина на изолацијата и екранизација преку изолацијата. Преку истиот се намотува бакарна мрежа со што се обновува и металниот екран . За кабли со екран од жици во пакувањето се содржани спојни чаури. За кабли со екран од траки, во пакувањето е содржан систем за безлемно спојување на заземјувањето. За кабли со арматура, метално куќиште или метална трака се испорачуваат за дополнителна механичка заштита. Надворешното заптивање и заштита се постигнува со топлособирачка дебелоѕидна цевка премачкана со термостатско лепило.

Прибор за заптивање на преодни спојници од 3жилни на1жилни кабли

Преодните спојници се изработуваат на ист начин како и линиските спојници за 3-жилни кабли. Топлособирачката разделна капа обезбедува заптивање на надворешните цевки на 1-жилните кабли. Безлемното спојување на заземјувањето овозможува поврзување за сите типични комбинации на заземјување.

 

Изработка на спојници без спојни чаури

За кабли со екран од жици или траки

На крајот на екранот и преку спојните чаури се нанесува жолтата маса за пополнување. Споевите на каблите се прекриваат со топлосибирачки цевки за контрола на ел.поле. Топлособирачката еластомерна цевка овозможуваисправна дебелина на изолацијата и екранизација преку изолацијата. Преку делот на спојот се намотува бакарна мрежа, со што се обновува и металниот екран. За кабли со екран од траки, во пакувањето е содржан систем за безлемноспојување на заземјувањето. За кабли со арматура, метално куќиште или метална трака се испорачуваат за дополнителна механичка заштита. Надворешното заптивање и заштита се постигнува со топлособирачка дебелоѕидна цевка премачкана со термостатско лепило

Изработка на репаратурна спојница

Изработката и компонентите на репаратурната спојница и линиската спојница се слични. Поголемата должина на репаратурната спојница овозможува оштетените делови на кабелот да се отсечат и да се фрлат, а на тоа место да се вградат делови од жили кои се спојуваат со по две чаури. Ова решение овозможува репарирање на кабелот во должина од 520 mm (Види скица на стр 76).

Изработка на преодни спојници од 3жилни на 1жилни кабли

Преодните спојници се изработуваат на ист начин како и линиските спојници за 3-жилни кабли. Со специјални клипови се врши заптивање на надворешните цевки на 1-жилните кабли.

 

05_tab_10-01.gif