Разделни спојници за екранизирани 1-жилни кабли изолирани со полимери

Разделни спојници за екранизирани 1-жилни кабли изолирани со полимери 10 kV, 15 kV и 20 kV

Raychem нуди интересно техничко и комерцијално решение за изведување на разделна спојница на едножилен екранизиран кабел со изолација од полимери базирано на добро докажаната технологија за среднонапонски спојници. Ново развиените спојни чаури со навртки вклучени во самата спојница, овозможуваат брза едноставна и сигурна монтажа. Разделната спојница е во потполност тестирана према нормите на Raychem -овиот тест PPS 3013.

Кабел

Разделната спојница се употребува кај екранизирани едножилни кабли изолирани со полимери за 10 kV и 20 kV.

На пример: NAYSY, NA2XS2Y, ПвП, АПвП, YHKXS, YHAKXS, XUHAKXS, AXEKVCY, CXEKVCEY, N(A)2XSY, XHE 49(A),XHP 48(A), EHP 48, N(A)2XS(F)2Y

 

Изработка на разделна спојница

Припремата на кабелот е иста како кај линиската спојница. Пред поврзување на каблите крајот на екранот се прекрива со жолта пополнувачка трака и цевка за контрола на ел.поле. Трите краја на кабелот се поврзуваат со механичка спојна чаура дизајнирана од Raychem, со отпаѓање на главите од навртките. Од страната на разделените кабли специјално обликуваните делови овозможуваат пополнување и заптивање. Во понатамошната монтажа се користат слични делови како кај линиската спојница: жолта трака преку спојната чаура, цевка за контрола на ел.поле и троструко екструдирана изолациона цевка. Бакарната мрежа и механичката спојна чаура со жиците на екранот го обновуваат металниот плашт. Надворешното заптивање и заштита се постигнува со дебелоѕидна топлособирачка цевка ослоена со лепак и со разделна капа со два отвора. Сите спојни чаури се содржани во пакувањето.

05_tab_13-01.gif