Завршници за внатрешна монтажа за појасни хартиени кабли (MI и MIND) со еден заеднички метален плашт 6 kV и 10 kV

Кабел

Завршниците за надворешна монтажа се конструирани за 6 и 10 kV трожилни појасни хартиени кабли (MI, MIND)

На пр. SB, ASB, SAAB, AABY, ASBY, ААБУ, АСБУ, СБ2лГ, АСБ2лГ, СБнГ, АСБнГ, АпвВГ, ПвПГ, Kny, KnFtly, AknFtA, AknFty, ANKOP,ANKOPV, CNKOY,CNKODY, IPO 13, IPO 14, NPO 13, NPO 14, N(A)KBA, N(A)KLEY

Конструкција на завршницата

Хартиените жили се покриени со цевка со бариера за масло. Потпорот е исполнет со жолта маса отпорна на масло, а се заптива со проводна разделна капа на која е нанесено лепило.

 

Таа се инсталира врз жилите и крајот на металниот плашт. Жолтата маса за контрола на напрегањето е поставена околу краевите на изводите од раделната капа. Потоа, преку капата и жилите се поставува црвена нетрасирачка цевка. Крајот на завршницата се заптива на кабелската стопа или на проводникот со една кратка заптивачка цевка. Комплетот вклучува систем за заземјување без лемење.

Комплетите со модификациски код –L12 вклучуваат приклучок за шина за M12 приклучни штрафови, со код L16 за M16 штрафови. (забелешка: М16 не се испорачуваат со комплетите за пресеци 25-50 mm²).

 

Конструкција на завршници исполнети со масло за MI кабли

Жилите се покриени со кафеави, отпорни на притисок, цевки со бариера за масло. Транспарентниот сад за масло со топло-собирачки лиени делови , ги заптива бариерата за масло и металниот плашт. Садот треба да се наполни со вообичаеното масло за кабел (не е содржано во комплетот на завршницата). Заптивачите прекриени со лепило овозможуваат сигурно заптивање на маслото кон кабелската стопа. Систем за заземјување без лемење може да се нарача посебно.

02_tab_02-01.gif

 

* За завршници со механички стопи заM16 штрафови користи код за модификација –L16 (не се испорачуваат со комплетите за пресеци 25-50 mm²)

Забелешка: Еден комплет за завршници вклучува материјал за 3 фази. Надолжно непропусни стопи треба да се користат. Должината на жилите може да се редуцира до потребните нивоа за инсталација, минималната должина на цевката е 450 mm.

02_tab_02-02.gif

 

Забелешка: Надолжно непропусни стопи треба да се користат. Должините на жилите може да середуцираат по потреба на инсталацијата, додека минималната должина е 550 mm. Системот за заземјување без лемењe мора да се нарача посебно, а содржи 2 прстена, продводник за заземјување, заштитна цевка и заптивен лепак.