Еластомерни спојници за екранизирани 1-жилни полимерно изолирани кабли

Еластомерни спојници за екранизирани 1-жилни полимерно изолирани кабли 10 kV, 15 kV and 20 kV


Кабел

Спојниците се коструирани за 10 kV,

15 kV и 20 kV екранизирани едножилни пластични кабли со екран од жици.

На пример: NA2XS2Y, YHAKXS, XUHAKXS, AXEKVCEY, CXEKVCEY, N(A)2XSY, XHE 49, XHP 48, EHP 48, N(A)2XS(F)2Y.

 

Изработка на спојницата

Проводниците се спојуваат со навојна чаура кој се испорачува заедно со спојницата. Контролата на електричното напрегање на местото на пресекот е овозможено со проводни конуси со специјален геометриски облик, вградени во силиконското тело на спојницата. Телото на спојницата е раширено и поставено на спирален систем. Тоа се враќа во првобитната состојба при инсталацијата и отстранувањето на спиралниот систем.

Контролата на електричното напрегање се овозможува со помош на интегриран проводен плашт кој се однесува какоФарадеев кафез. Екранот врз инсталацијата е дел од телото на спојницата исто така.

Бакарната мрежичка што е обвиена околу спојницата го заменува металниот екран.

За кабли со екран од жици се испорачува и систем за заземјување.

За кабли со екран од траки со спојницата се испорачува систем за безлемено заземјување кој е исто компатибилен за кабли со алуминиумски траки (пр. type AHXAMK-W).

Надворешното заптивање и заштита се изведува со помош на дво-ѕидниот систем Rayvolve комплетно поставен околу површината на спојницата.

Спојници со механички чаури

05_tab_14-01.gif

 

* Спојниците се дизајнирани за кабли со плашт од бакарни траки или од алуминиумски траки (пр. type AHXAMKW), а може и да се користат за кабли со плашт од жици. За преоди од кабел со плашт од жици на кабел со алуминиумски траки користете спојници за кабли со плашт од жици.

Разделни спојници за други типови на кабли и пресеци се испорачуваат по нарачка.

Спојниците за 1-жилни кабли содржат материјал само за една фаза.