Консалтинг услуги

АБЦ Консалтинг е семејна компанија која, основана како една од првите консултантски куќи во Република Македонија, веќе 20 години  расне од своето професионално искуство. За потребите на Вашите комплексни проекти составуваме тимови од професионалци со соодветни капацитети.   Нашата компанија е посветена на високо профессионален приод кон секој наш проект, а нашите странски партнери ја ценат нашата експертиза во областта на консалтингот и имаат доверба во нашето познавање на локалното законодавство.

Нашите консултантски услуги се применети во областта на животна средина и просторно планирање, водни ресурси, управување со отпад, обновлива енергија, надзор и изведба на проекти од различни области.

Нашите експерти нудат голем број на услуги кои се насочени кон развивање стратегии, проценка и креативен дизајн, изведба, добивање на одобренија од управните установи, давање изјави за јавноста, менеџирање на ризиците и конролирање на трошоците.

Услугите вклучуваат и стратешко советување и целосна имплементација на проектот, учество во јавните расправи, комуникација со засегнатите установи и представници од властта.

Во текот на работењето спроведвуаме програми за корпоративна одговорност кои вклучуваат социјални и е кономски аспекти, како и аспекти од областта на животната средина.

Image 080

Работата на специјалистите на АБЦ Конслатинг од областта на водните ресурси го опфаќа целокупниот процес од планирање на водни ресурси и развој на стратегија се до деталниот дизајн на постројките и надзорот на нивната изградба.

Нашата работа се концентрира на соодносот помеѓу водата, животната средина, индустријата и екосистемите.

Водата е есенцијална за животот и развојот на производството, индустријата и трговијата. Затоа еден од најголемите предизвици на денешното време е снабдувањето со чиста вода.

Нашето искуство вклучува проекти од полето на третман на вода и водоснабдување, снабдување на вода за пиење и надзор на изведбени работи на прочистителни станици за вода, вклучувајќи планирање на третман на отпадни води и водоснабдување до домаќинства и индустриски постројки, како и дизајн и надзор на изведбени работи  на водоснабдителни мрежи и хидроцентрали.

Waste management

Услугите на АБЦ Консалтинг вклучуваат стратешки развој на проекти и процеси за издавање дозволи во склоп на менеџирањето на проекти за управување со отпад и третман на отпад нудејќи при тоа решенија за релевантните инфраструктурни прашања.

Како резултат на постојаниот пораст на бројот на населението во целиот свет, брзиот развој на индустријата, трговијата и производството, се појавува се поголема потреба од решенија за управување со отпад во руралните и урбаните средини со цел да се задржи и подобри квалитетот на живеењето.

Управувањето со отпад од неговото генерирање, собирање, транспорт и третман се до неговото депонирање, вклучувајќи надзор на проектите се исто така области на кои нудиме искуство и стручност.

Бидејќи законодавството за управувње со отпад не е еднакво во сите земји, ние нудиме поддржка преку менаџмент на проекти и запазување на локалните законски рамки.

Environmental protection

Заштитата на животната средина стана една од најважните теми на деншно време.  Нашето познавање на барањата и условите кои мора да се исполнат и запазат на локално ниво представува голмеа предност за нашите партнери.

EIA and ESIA

АБЦ Консалтинг има огромно искуство со изведба на студии за Оценка на Влијанието врз Животната Средина и Социјалните аспекти во иницијалната фаза на проекти од најразлични области.

Со цел одговорните лица да можат да ги земат во предвид влијанијата врз животната средина при донесувањето на одлуката дали да се изведе нивниот проект ние тесно соработуваме со фирми од областта на рударството, енергетиката, градежништвото и други при изготвувањето на Студии за Оцена на Влијанието врз Животната средина, пристапувајќи кон позитивните и негативните последици врз животната средина кои би се јавиле како последица од одреден план или проект пред донесувањето на одлуката дали да се изведе планираната активност.

SEA

Како би се земале во предвид аспектите од животната средина во најраната фаза на проектите, АБЦ Консалтинг ги придружува своите партнери во процесот на донесување одлуки со цел да се потврди дека сите аспекти од животната средина се ефективно разгледани при планирањето и дизајнот на проектот.

Roads

Од социјален, културен, еколошки и економски аспект патиштата се од фундаментално значење.  Подобрувањето на квалитетот на животот во сите региони во голема мера зависи од изградбата на патиштата.

Проблеми како застои на сообраќајот предизвикани од постојаното зголемување на бројот на возила кои учествуаат во сообраќајот и негативното влијание врз животната средина продолжуваат да представуваат предизвици на модерното општество на глобално ниво.

АБЦ Конслатин има капацитет и искуство да допринесе кон пронаоѓање решенија преку својата консултантска пракса и со изготвување планови за соодветни решенија.

Mining

Нашето искуство им помага на рударските фирми да ги совладаат предизвиците во работењето, да одговорат на законските одредби во Република Македонија, како и да ги запазат стандардите за зачувување на животната средина  и обновливоста на природните ресурси.  Нашата цел е да испорачаме квалитететни и професионални консултантски услуги прилагодени на секој поедниечен проект.

Покрај обезбедувањето на консултантски услуги во областите на управување со вода, животна средина и отпад, ние разбираме дека добро испланиран и истражен терен води кон еколошки издржан и финансиски ефективен проект.